Bike to school challenge – Macedonian

English | Italian | Macedonian | Romanian | Hungarian

Предизвик – Со Велосипед до Училиште

Предизвикот Со Велосипед до Училиште 2022 е една од најважните активности на проектот RIDE AND SMILE. Тоа е една забавна активност за натпреварување помеѓу одделенија од Европски училишта, каде што учениците добиваат поени кога одат на училиште со велосипед или со пешачење, наместо со автомобил, притоа придонесувајќи за подобра урбана животна средина.

Учеството во предизвикот е бесплатно и може да учествуваат сите одделенија од училиштата вклучени во проектот RIDE AND SMILE, но и возможно е други да учествуваат исто така, доколку изразат желба за овој предизвик. Ова е прв пат да се одржи предизвикот Со Велосипед до Училиште, и ова значи дека учесниците ќе можат да придонесат со нивниот фидбек за подобрувањето на правилата и дигиталните алатки како придружни помагала на оваа активност.

Наставниците коишто сакаат да учествуваат во предизвикот Со Велосипед до Училиште 2022 со нивното одделение, треба да ги контактираат организаторите на: [email protected] 

Како да се учествува во предизвикот Со Велосипед до Училиште

  1. Предизвикот Со Велосипед до Училиште 2022 ќе се одржи од 1ви до 31ви Мај 2022.
  2. Сите одделенија и групи на ученици од училиштата кои учествуваат во овој проект можат да бидат вклучени во тест-фазата, предводена од еден наставник. Секое одделение (или група) претставува еден тим кој се состои од сите ученици и одговорниот наставник (или наставници). Одделението кое ќе добие најмногу поени, преку одбирање на одржлив транспорт – победува!
  3. Со цел да се учествува во предизвикот, на одделението му е потребен ‘акаунт’ профил за пристап до Изучувачката Платформа R&S (RIDE AND SMILE), за евиденција и запис на маршрутите и поминатиот пат, како и за прикачување на повеќе содржини. Тој вид на акаунт профил е креиран од страна на програмерите на оваа платформа и е раководен од страна на секој наставник одговорен за своето одделение.
  4. Веднаш штом е креиран акаунт, секое одделение треба да одбере име и иконче или слика од тимот. Во рамки на тимот, секој ученик е идентификуван со помош на двоцифрен број (00-99) кој ќе биде употребуван за пристап на апликацијата QuickCapture и за запис снимки од планираното патување/движење, креирање содржини, и нивно прикачување на Изучувачката Платформа R&S, а потоа и визуелизирање на резултатите постигнати на индивидуално или одделенско ниво.
  5. Со цел да се стекнат поени и да се придонесе кон целосниот резултат на тимот, учениците треба да возат велосипед (или друг вид на одржлив транспорт) што е можно повеќе за време на месецот Мај 2022. Тие може да возат велосипед или да одат до училиште придружени од возрасен или пак сами (во зависност од возраста, локален контекст и правила) или пак да возат велосипед рекреативно во слободно време или за време на викенд, со нивното семејство и пријатели.
  6. Сите наставници на одделенијата кои учествуваат, може да се дел од предизвикот и да го поддржуваат нивниот тим преку следење на истите правила што важат за учениците.
  7. Предизвикот Со Велосипед до Училиште се стреми да промовира употреба на велосипедот, но секако и други видови на транспорт би донеле поени. Видовите на транспорт кои што се дозволени во предизвикот Со Велосипед до Училиште се следните:
  • Сите видови на велосипеди (традиционален, електричен, карго-велосипеди, итн.
  • Пешачење
  • Тротинети или слично (нормален или електричен, скејтборди, ролери,  итн.)
  • Јавен транспорт

Секој вид на транспорт е соодветен за различно иконче во апликацијата QuickCapture, коешто мора да биде селектирано пред да се прави запис на маршрутата. Поени не може да се добијат ако се употреби автомобил или мотор или ако записот од патот е во затворен простор (шопинг центри, училишни дворови со ограда, итн.).

  1. Дали е можно да се снимат маршрутите и да се сумираат поените на два алтернативни начини:
  2. Снимање на патувањето преку апликацијата QuickCapture, генерално со поддршка и надзор од родител (на пример, родител кој во Недела оди во парк со детето, или наставник кој организира активност на отворен простор со одделението)
  3. Рачно додавање и запис на патувањето преку Изучувачката Платформа R&S со надзор од одговорен наставник (на пример, како една од првите активности, секој ученик треба да ја нацрта својата маршрута на мапата, прикажувајќи го патот од дома до училиште, и пресметувајќи ја дистанцата, и така секој пат кога тој ученик/ученичка оди на училиште со некој вид на одржлив транспорт, соодветните поени ќе бидат додадени на неговиот/нејзиниот вкупен резултат)

Препорачуваме двете опции да бидат практикувани од страна на сите ученици кои учествуваат во предизвикот Со Велосипед до Училиште.

  1. Различни резултати се доделени на секое патување, во зависност од видовите на транспорт кој учесниците го одбираат, објаснето на следниот начин:
  • Велосипед: 1 км = 10 поени
  • Пешачење: 1 км = 8 поени
  • Тротинет: 1 км = 6 поени
  • Јавен транспорт: 1 км = 2 поени

Доколку се одбрале разни видови транспорт за еден пат (на пример, воз + велосипед), учесникот ќе треба да креира запис за буквално секој дел од патувањето одделно, со вклучување и исклучување на апликацијата и назначување на видот на транспорт за секој дел посебно.

Кога се влегува во објект или зграда за време на патувањето, учесникот треба да запомни да запре со записот на патот пред да влезе во објектот, и потоа да ја вклучи апликацијата повторно кога ќе продолжи со транспортот, со цел да се одбегнат погрешни пресметувања на поени за дистанцата. 

  1. Поени може да се добијат и преку прикачување и споделување на содржини (слики и текстови) преку апликацијата QuickCapture. Секој вид содржина е автоматски и географски рефериран и назначен кон единечна точка на мапата. Има две различни категории на содржини за кои запис е возможен за време на патувањето и со употреба на апликацијата: 
  • Безбедносни белешки: ова може да се разни видови на информации и назнаки поврзани со безбедносните услови на патот и маршрутата, вклучувајќи ги и на пример, опасните раскрсници, тесни улици, патишта кои не се во добра состојба, одредени поени за кои треба посебно внимание, итн.
  • Генерални набљудувања: може да содржи секаков вид на коментар за местата кои биле набљудувани за време на патувањето, вклучувајќи ги и чувствата и емоциите предизвикани од таква глетка, предлози за каде да се купи добар сладолед или пак приказни за нешто што се случило по патот кон крајната дестинација.

За секоја категорија, возможно е да се одбере помеѓу позитивни и негативни белешки. Поените се доделуваат на следниот начин:

  • 1 фотографија: 1 поен (Максимум 3 поени неделно за учесник)
  • 1 фотографија + текст: 2 поени (Максимум 6 поени неделно за учесник) 

Со цел да се добијат поени, содржините треба да се потврдени од одговорниот наставник. 

Platform of Results

Results